Карта за настан: ПР Бар

Карта за настан: ПР Бар

799 MKD
Шифра на услуга: Карта за настан: ПР Бар
Уписи во тек: На залиха
Количина:

По големиот успех на првиот “Македонски маркетинг” настан во организација на Академијата за маркетинг и пр на Creative Hub, овојпат во едно поинакво “after work” светло Creative Hub го организира првиот “ПР Бар”.

ПР Бар е настан кој има за цел да собере искусни лица од ПР индустријата, како основачи на ПР агенции, портпароли на институции, новинари, медиски претставници, раководители на корпоративен сектор во институции, раководители на печатени медуми, раководители на ПР сектoри во маркетинг агенции, но и сите оние кои сакаат да дознаат повеќе и да се информираат за ПР индустријата која е во се поголем подем.

Настанот ќе се одржи на 25 октомври (четврток) 2018 година во Парк хотел & спа со почеток од 18 часот.

Гости на настанот:

Аријана Коскарова, основач и раководител на Академија за маркетинг и пр на Creative Hub

Марија Трајковска, директор за односи со јавност во Element PR

Ангелка Пеева Лауренчиќ, директор и партнер во Image PR

Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на порталот Sakam Da Kazam

Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на Р.М.

Ели Пешева, директор за комуникации во New Moment, Skopje

Ивона Петков Галиќ, ПР професионалец

Гоце Пачемски, специјалист за односи со јавност и стратешки менаџмент во Image PR

Бранко Героски, главен и одговорен уредник на Слободен печат и Плусинфо

Александар Манев, Фактор Портал

Борјан Јовановски, главен и одговорен уредник на Новатв.мк

Елена Белевска, раководител на корпоративни комуникации во Македонски Телеком

Агендата на настанот е следната:

18:00 – 18:30   Регистрација на гости

18:30 – 18:40   Воведен говор

18:40 – 18:55  “Тајните на ПР успехот”, говор

18:55 – 19:45   Панел 1: “ПР и медиуми”

19:45 – 20:00   Пауза

20:00 – 20:15   Специјален гостин

20:15 – 21:00   Панел 2: “Кризен ПР менаџмент”

21:00 – 21:05   Заклучни зборови, затворање на настанот

 

Настанот е бесплатен за учесниците на Академија за маркетинг и ПР на Creative Hub.

За останатите кои би сакале да присуствуваат имаме ограничен број на карти по промотивна цена од 799 МКД кои може да се купат на shop.creativehub.mk .*Во картата е вклучен коктел.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Почнувајќи од септември 2017 година, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).

Повеќе..

Контакт

  • +389 71 214 849
  • contact@creativehub.mk

Creative Hub

creativehub.mk © 2019.