Карта за настан HR Сабота

Карта за настан HR Сабота

1.179 MKD
Шифра на услуга: Карта за настан HR Сабота
Уписи во тек: На залиха
Количина:

На 24 ноември во хотел Парк и спа ќе се одржи настанот “HR сабота” во организација на центарот за бизнис образование Creative Hub. Ова е трет евент во организација на Creative Hub од овој вид, по “Македонски маркетинг” настан и “ПР Бар” , но прв во областа на човечки ресурси. На настанот ќе биде презентирана и програмата на Академијата за човечки ресурси на Creative Hub која ќе започне официјално во февруари 2019 година. 

Настанот е бесплатен за сите оние кои се дел од “Клубот на Корпоративни обуки” на Creative Hub, а за сите кои би сакале да бидат дел од настанот можат да купат карти на https://shop.creativehub.mk/hr-sabota . 

На настанот кој ќе започне во 10 часот наутро и ќе трае се до 13 часот ќе биде претставена и програмата на Корпоративниот Клуб на Creative Hub, како и на Академијата за човечки ресурси. 

Покрај тоа ќе се обратат и голем број претставници од консултантски агенции кои работат во областа на човечките ресурси, но и докажани HR професионалци кои ќе говорат на тема: “Организациска структура и перформанс на вработени”, “Предизвиците на HR менаџерите во Македонија” , “Промени и перспективата на процесите за обука и развој на вработените”, “Continous Performance Management” итн. Дел од гостите кои се најавени се Стефан Јовановски, раководител на човечки ресурси во Вип, Сергеј Зафировски, основач на Инсајдер ИД, и многу други 

Сите заинтересирани може да добијат повеќе информации за настанот на contact@creativehub.mk .

Агенда за HR Сабота
10:00 - 10:30- Регистрација на гости
10:30 - 10:45- Отварање и поздравен говор, Бојан Коскаров

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Почнувајќи од септември 2017 година, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на Град Скопје (веднаш до Универзална Сала).

Повеќе..

Контакт

  • +389 71 214 849
  • contact@creativehub.mk

Creative Hub

creativehub.mk © 2019.